Отворен инвестициски фонд КБ ПУБЛИКУМ – ПАРИЧЕН
Профил на инвеститорите во Фондот
Сопственици на удели во Фондот можат да бидат домашни и странски институционални и индивидуални инвеститори на кои им е дозволено да вложуваат согласно законската регулатива. Единствено ограничување е минималниот износ на почетното вложување. Инвестиционата стратегија на Фондот и изборот на финансиски инструменти сугерира вложување на краток рок без однапред дефиниран период на инвестирање, односно Фондот е наменет за инвеститори кои сакаат да ги вложат своите средства на период пократок од 1 година.
Цели и инвестициона политика
Основна задача на Друштвото е да ги вложува прибраните средства на финансиските пазари со цел да оствари максимален можен принос за имателите на удели во Фондот, притоа почитувајќи ги постоечките ограничувања на вложувањата, како и потребите за ликвидност и сигурност на пласманите. Стратегијата на избор на инструменти од кои ќе се гради портфолиото на Фондот содржи најниско ниво на ризик.
Друштвото ќе ги инвестира средствата на Фондот во следните инструменти:
КЛАСА А
Вложувања во краткорочни и долгорочни должнички хартии од вредност на издавачи од Република Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Украина, Руската Федерација, Казахстан, Бразил, Индија, Кина, Европската Унија и OECD; Вложувањата во должнички хартии од вредност издадени од Република Македонија, земји членки на Европската Унија и OECD, може да надминат 35% од имотот на Фондот.
КЛАСА Б
Вложувања во депозити кај овластени банки од Република Македонија со рок на доспевање пократок од една година;
КЛАСА В
Вложувања во отворени инвестициски фондови со најниско ниво на ризик кои вложуваат исклучиво во депозити и должнички хартии од вредност, под услов да не наплаќаат трошоци за управување повисоки од 1% од нето-вредноста на имотот на Фондот.
Целна структура на портфолиото на Фондот
КЛАСА |
А |
Б |
В |
|
Мин. |
Мак. |
Мин. |
Мак. |
Мин. |
Мак. |
КБ ПУБЛИКУМ ПАРИЧЕН |
20% |
65% |
35% |
80% |
0% |
10% |
Уплата на средства
Уплатата на средства се врши на сметката на отворениот фонд КБ Публикум – Паричен во Комерцијална банка АД Скопје, жиро сметка: 300000003236732.
Минимален износ на почетно вложување
1.000,00 денари
Трошоци за управување
На годишно ниво Друштвото наплатува надоместок за управување со средствата во висина од 1,0% од вредноста на имотот на Фондот.
Надоместок за депозитарна банка
На товар на имотот на Фондот, Друштвото на депозитарната банка ѝ плаќа надоместок од 0,17% на годишно ниво од висината на вредноста на имотот на Фондот на денот на вреднување.
Надоместок за издавање удели
Надоместокот за издавање удели не се наплатува.
Трошоци за откуп и исплата
Трошоци за откуп и исплата не се наплатуваат.