КБ Публикум - Балансиран

Отворен инвестициски фонд КБ ПУБЛИКУМ – БАЛАНСИРАН

Профил на инвеститорите во Фондот

Сопственици на удели во Фондот можат да бидат домашни и странски институционални и индивидуални инвеститори на кои им е дозволено да вложуваат согласно законската регулатива. Единствено ограничување е минималниот износ на почетното вложување. Инвестиционата стратегија на Фондот и изборот на финансиски инструменти сугерира вложување на среден рок со однапред дефиниран период на инвестирање, односно Фондот е наменет за инвеститори кои сакаат да ги вложат своите средства за период над 2 години.

Цели и инвестициона политика

Основна задача на Друштвото е да ги вложува прибраните средства на финансиските пазари со цел да оствари максимален можен принос за имателите на удели во Фондот, притоа почитувајќи ги постоечките ограничувања на вложувањата, како и потребите за ликвидност и сигурност на пласманите. Стратегијата на избор на инструменти од кои ќе се гради портфолиото на Фондот содржи средно ниво на ризик, кое е повисоко од ризикот карактеристичен за паричните фондови или, пак, за фондовите кои инвестираат исклучиво во должнички хартии од вредност, а во исто време е понизок од ризикот на оние фондови кои најголем дел од средствата ги инвестираат во акции.

Друштвото ќе ги инвестира средствата на Фондот во следните инструменти:

КЛАСА А
Вложувања во акции на издавачи од Република Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Украина, Руската Федерација, Бразил, Индија и Кина;
Вложувања во акции на издавачи од земјите членки на Европската Унија и OECD.

КЛАСА Б
Вложувања во должнички хартии од вредност на издавачи од Република Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина;
Вложувања во должнички хартии од вредност на издавачи од земјите членки на Европската Унија и OECD;
Краткорочни должнички хартии од вредност на издавачи од Република Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Европската Унија и OECD;
Вложувањата во должнички хартии од вредност издадени од Република Македонија, земји членки на Европската Унија и OECD, може да надминат 35% од имотот на Фондот.

КЛАСА В
Вложувања во депозити кај овластени банки од Република Македонија со пок на доспевање пократок од 1 година;
Инструменти на пазарот на пари кои се тргуваат на организирани пазари, издадени од издавачи од Република Македонија, како и државите членки на Европската Унија и OECD.

КЛАСА Г
Вложувања во инвестициски фондови кои претежно инвестираат во акции на издавачи од земјите од Југоисточна Европа, Украина, Европската Унија, OECD, Бразил, Кина, Индија, САД и Руската Федерација, под услов да не наплатуваат трошоци за управување повисоки од 2,5% од нето-вредноста на имотот на фондот;
Вложувања во инвестициски фондови кои претежно инвестираат во должнички хартии од вредност на издавачи од земјите од Југоисточна Европа, Украина, Европската Унија, OECD, Бразил, Кина, Индија, САД и Руската Федерација, под услов да не наплатуваат трошоци за управување повисоки од 2,5% од нето-вредноста на имотот на фондот.

Целна структура на портфолиото на Фондот

КЛАСА А Б В Г
Мин. Мак. Мин. Мак. Мин. Мак. Мин. Мак.
КБ ПУБЛИКУМ БАЛАНСИРАН 35% 65% 35% 65% 0% 30% 0% 10%

Уплата на средства

Уплатата на средства се врши на сметката на отворениот фонд КБ Публикум – Балансиран во Комерцијална банка АД Скопје, жиро сметка: 300000002915662.

Минимален износ на почетно вложување

1.000,00 денари

Трошоци за управување

На годишно ниво Друштвото наплатува надоместок за управување со средствата во висина од 2,5% од вредноста на имотот на Фондот.

Надоместок за депозитарна банка

Друштвото на депозитарната банка ѝ плаќа надоместок на годишно ниво во зависност од висината на вредноста на имотот на Фондот на денот на вреднување, со примена на следниве стапки:

  • До 1.000.000.000,00 денари 0,21%
  • Од 1.000.000.001,00 – 1.800.000.000,00 денари 0,19%
  • Над 1.800.000.001,00 денари 0,17%
Надоместок за издавање удели*

Надоместокот за издавање удели се пресметува на вкупниот износ на уплатата, со примена на следниве стапки:

  • До 99.999,00 денари 3,5%
  • Од 100.000,00 денари до 499.999,00 денари 3,0%
  • Од 500.000,00 денари до 999.999,00 денари 2,5%
  • Од 1.000.000,00 денари до 2.999.999,00 денари 2,0%
  • Од 3.000.000,00 денари до 4.999.999,00 денари 1,0%
  • Над 5.000.000,00 денари 0,5%

Трошоци за откуп и исплата

Трошоци за откуп и исплата на удели од Фондот (односно излезна провизија) ќе се наплатуваат доколку се повлечат инвестираните средства во рок пократок од 1 година од моментот на купување удели во Фондот.

  • До 1 година 1,00%
  • Над 1 година 0,00%

* Друштвото го задржува правото да го намали или во целост да го ослободи клиентот од плаќање трошоци за издавање на удели со претходна писмена одлука на Одборот на директори.