Менаџмент

ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ

Членови на Одборот на директори:

  • Сузана Московска – Претседател на Одборот на директори
  • Алеш Шкерлак – Член на Одборот на директори
  • Методија Несторовски – Независен член на Одборот на директори
  • Горан Марковски – Член на Одборот на директори и Главен извршен директор
  • Андреј Пулејков – Член на Одборот на директори и Извршен директор

Сузана Московска е родена на 29.3.1960. Во 1982 година дипломира на Економскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 1983 година работи во Комерцијална банка АД Скопје на повеќе позиции. Во периодот 2002 – 2005 година е директор на Дирекцијата за ликвидност и позадински работи во рамки на Секторот за ликвидност и финансиски пазар. Од 2005 година работи како директор на Секторот за ликвидност и финансиски пазар. Од 2005 година е член на Кредитниот одбор и Одборот за управување со ризици на Комерцијална банка АД Скопје. Во периодот 2005 – 2008 година била член на Надзорниот одбор на QBE Македонија.

Алеш Шкерлак е роден на 17.09.1977 во Мурска Собота, Словенија. Во 2000 година го завршил студирањето на Економскиот факултет на Универзитетот во Љубљана и се стекнал со титулата, дипломиран економист. Од 2000 до 2002 г. работел како ревизор во ревизорското друштво Constatia Uhy ДОО Љубљана. Од своето доаѓање во друштвото Публикум берзанско посредување ДД во 2002 година бил задолжен за развој, организација и менаџмент на нови инвестициони активности на самото друштво Публикум берзанско посредување ДД, како и Групата Публикум. Од 2002 година до 2005 година работел во друштвото Публикум берзанско посредување ДД како финансиски директор на Друштвото и на таа основа управувал со пласманите на Друштвото. Од 2005 година во друштвото Публикум берзанско посредување ДД ја обавува функцијата директор за раководење и пазар на капитал. За време на работењето во друштвото Публикум берзанско посредување ДД, активно учествува во сите проекти на групата Публикум, а особено на подрачјето на берзанските услуги во тргувањето со хартии од вредност, приватното банкарство, преземање компании, менаџмент и leverage buyout на компании, due diligence на компании, како во Словенија така и во странство.

Проф. д-р Методија Несторовски е роден на 10.08.1951. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, отсек Макроекономија во јуни 1973 година како прводипломиран и е награден за постигнат највисок успех од генерацијата. Во 1982 година завршил постдипломски студии од Економскиот развој и методи на економската анализа на Економскиот факултет во Скопје со највисок успех. Во 1986 година ги завршил докторските студии на истиот факултет. Бил избран за асистент на Економскиот факултет во Скопје во 1973 година, на предметот Применета економија. Во 1983 бил избран за предавач на предметот Политика и економија на инвестиции. Во 1987 година бил избран за доцент на предметот Економија на инвестиции. Во 1992 година е избран за вонреден професор на предметите Економија на инвестиции и Инвестиционен менаџмент. Во 1997 година е избран за редовен професор и е реизбран во 2002 година. Автор на многу научни трудови, книги и статии. Во својот работен век има извршувано голем број општествени и стручни функции.

Горан Марковски е роден 10.10.1975 во Скопје. Во 1999 година дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, на отсек Финасиско-сметководствен менаџмент. Во 2002 година магистрирал на истиот факултет, на тема Инвестиционите фондови и нивните перспективи во Република Македонија. Во 2006 година се стекнува со CFA сертификат, како и со дозвола за портфолио менаџер издадена од Комисијата за хартии од вредност на Република Србија. Од 2008 поседува дозвола за инвестиционен советник издадена од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Од 1999 до 2002 година работи во Комерцијална банка АД Скопје како службеник за односи со клиенти. Од 2002 до 2005 година работи како финансиски аналитичар во КБ Брокер. Од 2005 до 2008 година работи како Директор на дирекцијата за работа со останати финансиски инструменти во Комерцијална банка АД Скопје. Во 2007 работи во Фокусинвест АД Белград како портфолио менаџер. Во 2008 година работел како Директор на дирекцијата за вршење услуги со хартии од вредност во Комерцијална банка АД Скопје. Функцијата на главен извршен директор на КБ Публикум инвест АД Скопје ја извршува од формирањето на Друштвото.

Андреј Пулејков е роден 06.11.1975 во Скопје. Во 2005 година ги завршува интегрираните студии на Факултетот за Економија и бизнис админитрација, Maastricht University, во Холаднија и се стекнува со звање Магистер по економски науки. Во рамки на интегрираните студии ја завршува програмата по Европски менаџмент на Rouen Business School во Руен, Франција. Од почетокот на 2005 до средината на 2006 година работи како финансиски аналитичар во друштвото за управување со приватни фондови (private equity) DFE Partners AG од Швајцарија. Од 2007 година до денес предава(л) на две приватни високообразовни институции во Македонија на предмети од областа на економијата и финансиите. Во периодот 2007–2008 година работи на повеќе проекти финансирани од меѓународни донатори. Во 2008 година се стекнува со дозвола за инвестиционен советник издадена од КХВ на Македонија. Од 2009 година работи како портфолио менаџер во друштвото за управување со инвестициони фондови КБ Публикум инвест АД Скопје. Во 2010 година е назначен за извршен директор на КБ Публикум инвест АД Скопје.