ЗА ДРУШТВОТО
Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови КБ Публикум инвест АД Скопје е основано во 2009 година. Висината на почетниот капитал на Друштвото изнесува 700.000,00 евра. Мнозински акционер во Друштвото за управување е Комерцијална банка АД Скопје.
Друштвото работи согласно одобрението за работа издадено од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија број 07-3453/11 од 19.12.2008 година.
Друштвото е запишано во Трговскиот регистар под матичен број 6443532 на 15.01.2009 година. Моментално Друштвото управува со шест (6) отворени инвестициски фондови.
Седиштето на Друштвото е на ул. Св. Кирил и Методиј бр. 50 во Скопје, Република Македонија.
Пречистениот текст на Статутот на Друштвото е донесен на ден 12.07.2022 година.