КБ Публикум - Обврзници

Отворен инвестициски фонд КБ ПУБЛИКУМ – ОБВРЗНИЦИ

Профил на инвеститорите во Фондот

Сопственици на удели во Фондот можат да бидат домашни и странски институционални и индивидуални инвеститори на кои им е дозволено да вложуваат согласно законската регулатива. Единствено ограничување е минималниот износ на почетното вложување. Инвестиционата стратегија на Фондот и изборот на финансиски инструменти сугерира вложување на среден рок со однапред дефиниран период на инвестирање, односно Фондот е наменет за инвеститори кои сакаат да ги вложат своите средства на период над 6 месеци.

Цели и инвестициона политика

Основна задача на Друштвото е да ги вложува прибраните средства на финансиските пазари со цел да оствари максимален можен принос за имателите на удели во Фондот, притоа почитувајќи ги постоечките ограничувања на вложувањата, како и потребите за ликвидност и сигурност на пласманите. Горенаведената стратегија на избор на инструменти од кои ќе се гради портфолиото на Фондот укажува на ниско ниво на ризик, кое е повисоко од ризикот карактеристичен за паричните фондови, а во исто време е понизок од ризикот на балансираните фондови или оние фондови кои најголем дел од средствата ги инвестираат во акции.

Друштвото ќе ги инвестира средствата на Фондот во следните инструменти:

КЛАСА А
Вложувања во краткорочни и долгорочни должнички хартии од вредност на издавачи од Република Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Украина, Руската Федерација, Казахстан, Бразил, Индија, Кина, Европската Унија и OECD; Вложувањата во должнички хартии од вредност издадени од Република Македонија, земји членки на Европската Унија и OECD, може да надминат 35% од имотот на Фондот.

КЛАСА Б
Вложувања во депозити кај овластени банки од Република Македонија со рок на доспевање пократок од една година;

КЛАСА В
Вложувања во инвестициски фондови кои инвестираат во должнички хартии од вредност на издавачи од земјите од Европската Унија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Украина, Казахстан, OECD, Бразил, Кина, Индија, САД и Руската Федерација, под услов да не наплатуваат трошоци за управување повисоки од 1,0% од вредноста на имотот на фондот.

Целна структура на портфолиото на Фондот

КЛАСА А Б В
Мин. Мак. Мин. Мак. Мин. Мак.
КБ ПУБЛИКУМ ОБВРЗНИЦИ 40% 90% 10% 60% 0% 10%

Уплата на средства

Уплатата на средства се врши на сметката на отворениот фонд КБ Публикум – Обврзници во Комерцијална банка АД Скопје, жиро сметка: 300000003236829.

Минимален износ на почетно вложување

1.000,00 денари

Трошоци за управување

На годишно ниво Друштвото наплатува надоместок за управување со средствата во висина од 1,5% од вредноста на имотот на Фондот.

Надоместок за депозитарна банка

Друштвото на депозитарната банка ѝ плаќа надоместок на годишно ниво во зависност од висината на вредноста на имотот на Фондот на денот на вреднување, со примена на следниве стапки:

  • До 100.000.000,00 денари 0,19%
  • Над 100.000.001,00 денари 0,17%

Надоместок за издавање удели*

Надоместокот за издавање удели се пресметува на вкупниот износ на уплата, со примена на следниве стапки:

  • До 149.999,00 денари 1,5%
  • Од 150.000,00 денари до 299.999,00 денари 1,0%
  • Над 300.000,00 денари 0,0%

Трошоци за откуп и исплата

Трошоци за откуп и исплата на удели од Фондот (односно излезна провизија) ќе се наплатуваат доколку се повлечат инвестираните средства во рок пократок од 6 месеци од моментот на купување удели во Фондот.

  • До 6 месеци 0,75%
  • Над 6 месеци 0,00%

*Друштвото го задржува правото да го намали или во целост да го ослободи клиентот од плаќање трошоци за издавње на удели со претходна писмена одлука на Одборот на директори.