БАРАЊЕ ЗА КУПУВАЊЕ
Барање за купување на удели се поднесува при секое инвестирање на средства во Фондот. Купување на удели настанува во моментот на поднесување на Барање доколку претходно се уплатени средствата што се инвестираат во Фондот, односно во моментот на уплата на средствата доколку претходно е поднесено Барање за купување на удел. Доколку клиентот уплати средства без да поднесе Барање за купување удел, односно поднесе Барање за купување на удел без да ги уплати потребните средства, неговото Барање нема да се земе предвид сè додека Барањето не биде поднесено, односно неговото Барање нема да се земе предвид сè додека не се уплати потребниот износ на средства.
Барањата за купување на удел во инвестициските фондови управувани од страна на КБ Инвест АД Скопје, инвеститорите можат да ги достават лично во седиштето на Друштвото. Пред вложувањето, а во насока на подобра информираност, потенцијалните инвеститори треба да го прочитаат Статутот и Проспектот на Фондот во кој сакаат да вложат.
Барање за купување МБИ 10