Политика за приватност

Политика за приватност

Oваа политика за приватност го предвидува начинот на кој ги собираме и обработуваме Вашите лични податоци при посета на нашите интернет страници: www.kbpublikum.com.mk и moivlozuvanja.kbpublikum.com.mk.

Контролор на личните податоци е Друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум инвест АД Скопје со седиште на ул. Св. Кирил и Методиј бр. 50, Скопје, Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: Друштвото).

Друштвото го почитува Вашето право на приватност и ги обработува личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

Кои лични податоци ги собираме?

Друштвото може да ги собира следните податоци:

  • Вашето име и презиме;
  • Вашата е-маил адреса;
  • Вашата адреса;
  • Вашиот телефонски број;
  • Податоци за тоа како ја користите нашата интернет страница;
  • Технички податоци како што се вашата IP адреса, вашите податоци за најавување, детали за вашиот прелистувач, должина на посета на страници на нашата интернет страница, прегледи на страници и патеки за навигација, детали за број на посети на нашата интернет страница, поставки и друга технологија на уредите што ги користите за пристап до нашата интернет страница;
  • Какви било други информации што директно ни ги доставувате преку формуларот за контакт, преку телефон, по е-маил или на друг начин.

Друштвото собира податоци од Вас кога испраќате порака преку формуларот за контакт на нашата интернет- страница www.kbpublikum.com.mk и преку најавување на услугата Мои вложувања на moivlozuvanja.kbpublikum.com.mk.

Секогаш кога имате интеракција со нас, а со цел да добиете информација, производ или услуга, од Вас може да биде побарано Вашето име и презиме, е-маил, адреса, телефонски број и други лични податоци.

Како може да ги користиме Вашите податоци?

Ние ќе ги користиме Вашите податоци со цел:

  • Да одговориме на прашања во врска со нашите производи или услуги;
  • Да Ви испраќаме маркетинг пораки доколку со закон ни е дозволено тоа;
  • Персонализирање на Вашето искуство на нашите интернет-страници;
  • Следење и/или анализа на Вашата употреба на нашите интернет-страници и онлајн услуги;
  • Управување и заштита на нашиот бизнис и интернет-страници;
  • Исполнување на законските обврски кои се однесуваат на Друштвото или кога тоа е побарано од страна на јавен орган.

Доколку се смени некој од Вашите лични податоци, Ве молиме контактирајте не. Ние исто така може да ве контактираме за да провериме дали личните податоци што ги чуваме за вас се точни и ажурирани.

Друштвото има воспоставено безбедносни мерки со цел да спречи Вашите лични податоци да бидат изгубени, користени, изменети, обелоденети или достапни без овластување. Ние исто така дозволуваме пристап до Вашите лични податоци само за оние вработени и соработници кои имаат деловна потреба да ги знаат таквите податоци. Тие ќе ги обработуваат вашите лични податоци само според однапред утврдени упатства и со обврска да ги чуваат личните податоци во тајност.

Друштвото има воспоставено процедури за справување со какво било сомневање за повреда на личните податоци и ќе Ве известиме Вас и сите регулатори за повредата, доколку тоа е побарано согласно закон.

Колачиња

Друштвото вообичаено собира податоци за навигација кои се користат за анализирање на податоците од посетите и за одржување на информациска сигурност на нашата интернет-страница. Може да го поставите прелистувачот да ги одбива сите или некои колачиња за прелистувачи или да ве предупредува кога интернет-страниците поставуваат или пристапуваат до колачиња. Ако ги оневозможите или одбиете колачињата, имајте предвид дека некои делови од оваа интернет-страница може да станат недостапни или да не функционираат правилно. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика за колачиња.

Дали откриваме информации на надворешни страни?

Ние не ги продаваме, тргуваме или на друг начин пренесуваме Вашите лични податоци на надворешни страни. Ова не вклучува трети страни кои ни помагаат во функционирањето на нашата интернет-страница или за која било друга услуга ни помагаат во оптимизирање или додавање вредност на услугите што ги нудиме. Во услови кога податоците се споделуваат со трети страни, од нив се бара да се согласат со условите за доверливост. Вашите податоци може да ги направиме достапни кога тоа е побарано со закон или со цел да се заштитат нашите права, имот или безбедност.

Колку време ги чуваме собраните податоци?

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.

Кои се Вашите законски права?

Согласно прописите за заштита на личните податоци Вие имате одредени права во врска со Вашите лични податоци кои вклучуваат:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци;
  • право на пристап до личните податоци;
  • право на исправка и бришење на личните податоци;
  • право на ограничување на обработката на личните податоци;
  • право на приговор.

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Илина Симјаноска на следниот e-mail: ilina.simjanoska@kbpublikum.com.mk.

Друштвото нема да Ви наплати надоместок за да добиете пристап до Вашите лични податоци (или да остварите некое од останатите права). Како и да е, Друштвото може да наплати разумен надоместок доколку Вашето барање очигледно е неосновано, има повторувачки карактер или е прекумерно, односно Друштвото може да одбие да постапи по Вашето барање во тие околности.

Ние може да побараме одредени информации од Вас со цел да ни помогнат да го потврдиме Вашиот идентитет и да го осигураме Вашето право на пристап до Вашите лични податоци или да остварите некое од Вашите други права. Ова е безбедносна мерка со цел да се осигураме дека личните податоци не се откриени на друго лице кое нема право да ги добие. Ние исто така може да Ве контактираме за да побараме од Вас дополнителни информации во врска со Вашето барање со цел побрзо да Ви одговориме. Се обидуваме да одговориме на сите легитимни барања во рок од еден (1) месец. Во одредени случаи може да ни биде потребно подолго време од еден месец, доколку Вашето барање е особено комплексно или имате доставено повеќе барања. Во овој случај, ќе Ве известиме. Доколку сметате дека начинот на кој што Друштвото ги собира и користи Вашите лични податоци ги повредува одредбите од Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на активностите и настанатите промени.

Доколку имате прашања или забелешки поврзани со оваа политика за приватност, испратете ни меил на info@kbpublikum.com.mk или испратете ни ги по пошта на ул. Св. Кирил и Методиј бр. 50, Скопје, Република Северна Македонија.