КБ Публикум - Новости

Почитувани,

КБ Публикум инвест АД Скопје и оваа година реши дел од средствата за подароци и репрезентација да ги пренамени за донации.

Во услови на пандемија со Ковид 19 која предизвика низа економски шокови и како општество не исправи пред низа предизвици и искушенија, КБ Публикум инвест АД Скопје реши да помогне на оние кои се најзасегнати од состојбата. Согледувањата беа дека многу деца се наоѓаат во незавидна ситуација и не се во можност непречено да ја следат наставата во училиштата. Променетите услови ја наметнаа потребата за поседување на технички можности со цел континуирано следење на образовниот процес.

Од овие причини Друштвото обезбеди 13 компјутери со монитори и целокупна опрема за непречено следење на наставата кај децата од најранливите категории и со ниски примања. Опремата им беше доставена заедно со новогодишните пакетчиња, а нивните насмевки и радост се најголемата награда за нас.

Растеме заедно,

Ваш КБ Публикум инвест АД Скопје