КБ Публикум - Новости

Почитувани,

Друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум инвест АД Скопје одлучи да се приклучи кон иницијативата „Инвеститорски ден“ организирана од страна на Македонска берза АД Скопје по повод одбележувањето на 25 години од нејзиното основачко собрание.

„Инвеститорскиот ден“ ќе се одржи на 18 септември (петок) 2020 година.

Во линија на оваа иницијатива, а со цел поттикнување на јавноста за активно учество на пазарот на капитал, на овој ден сите еднократни уплати во било кој од фондовите со кои управува Друштвото ќе бидат ослободени од плаќање на влезен надомест.

Ги покануваме сите заинтересирани да ја искористат оваа уникатна прилика и да го остварат својот сон со инвестиција во својата иднина. Сега секој може да влезе во клубот на оние кои размислуваат за она што доаѓа!

Оваа недела ве очекуваме со појаснувања како да го направите првиот чекор и заедно да направиме влог во сигурноста и извесноста.

Со Почит,

КБ Публикум инвест АД Скопје