За Друштвото
КБ Публикум инвест АД Скопје, Друштво за управување со инвестициони фондови, е формирано во 2009 година. Висината на основачкиот капитал на Друштвото изнесува 500.000,00 евра, односно во денарска противредност од 30.586.450,00 денари. Оснивачи на Друштвото се Publikum Holding DOO Ljubljana, Pom-Invest DD Maribor, Forlex S.R.L., и Комерцијална Банка АД Скопје.
На 19.12.2008 година Друштвото доби одобрение за работа од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, под број 07-3453/11.
Друштвото е запишано во Трговскиот регистар под деловен број 6443532 на 15.01.2009 година. Во почетокот на своето работење Друштвото ќе оснива и ќе управува со два (2) отворени инвестициски фонда.
Седиштето на Друштвото е на бул. Мито Хаџивасилев Јасмин 50 во Скопје, Република Македонија. Матичен број на Друштвото е 6443532.
|