|
СООПШТЕНИЕ
Друштвото за управување со инвестициони фондови КБ Публикум инвест АД Скопје објавува дека на ден 17.5.2011 година јавниот повик за запишување на удели во отворениот инвестициски фонд КБ Публикум – Паричен заврши успешно. Во периодот од објавувањето на јавниот повик за запишување на удели во фондот на 21.3.2011 година до 17.5.2011 година, беше уплатен законски предвидениот износ од 300.000 ЕУР за отпочнување со редовно работење на отворениот инвестициски фонд КБ Публикум-Паричен.
Од 18.5.2011 година започнува редовното пресметување на нето вредноста на имотот на фондот и вредноста на поединечниот удел.
Продажбата и уплатата на уделите во отворениот инвестициски фонд КБ Публикум – Паричен продолжува по цена која се утврдува според методологијата за вреднување имотот на фондот и вредноста на поединечниот удел пропишана од страна на Комисијата за хартии од вредност на Р. Македонија.
КБ Публикум инвест АД Скопје |