Пристапница

ПРИСТАПНИЦА

Инвеститорите можат секој работен ден да достават Пристапница во отворениот инвестициски фонд заедно со неопходните прилози кон тоа барање. Пристапницата се пополнува на посебен формулар изготвен од Друштвото. Пристапницата во отворениот фонд се поднесува само еднаш, и тоа при првото регистрирање на инвеститорот во Фондот. Формуларите може да се добијат во просториите на Друштвото, на неговата интернет-страница и преку продажната мрежа воспоставена на договорна основа.

При поднесувањето на Пристапницата, доколку станува збор за физичко лице, клиентот треба да се легитимира со документ за лична идентификација (лична карта или пасош). Доколку станува збор за правно лице, клиентот треба да прикаже веродостоен документ за правниот статус, согласно законските прописи, како тековна состојба од регистрацијата или друг надлежен орган.

Пристапница МБИ 10