КБ Публикум - Новости

Почитувани,

Оваа година друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум инвест АД Скопје се приклучи кон најголемото хуманитарно движење во светот „Pay it forward“ организирано од страна на хуманитарната организација Inner Wheel Skopje Europea.

Како општествено одговорна компанија нашата цел е преку наградување на нашите вработени да ја поддржиме оваа акција со надеж дека ќе придонесеме кон ширење на оваа идеа и ќе ги поттикнеме останатите да направат што е можно поголем број на хумани дела во Македонија.

Подржувачите на движењето „Pay It Forward“ веруваат дека едно добро дело можеби не изгледа многу, но ако сите направиме нешто добро за другиот, а потоа циклусот на дарежливост и добрина се мултиплицира, може да предизвика да станеме подобри луѓе, а светот поубаво место за живеење.

 КБ Публикум инвест АД Скопје