КБ Публикум - Новости

Драги пријатели и соработници, сегашни и идни клиенти,

Би сакале да Ве известиме дека овие новогодишни празници КБ Публикум инвест АД Скопје, средствата наменети за репрезентација и подароци за клиентите реши да ги донира во Дневниот Центар за деца со аутизам. Овие средства ќе бидат употребени за обезбедување на помагала и дидактички материјал наменет за опремување на сензорната соба во која се обезбедува програма за оспособување, едукација и подобра интеграција на децата.

Се надеваме дека со оваа донација ќе го олесниме секојдневието на дечињата, ќе помогнеме во развојот на нивните социјални вештини и адаптација во општеството.

Со љубов ❤

КБ Публикум инвест АД Скопје