КБ Публикум - Новости

ЗАВРШУВАЊЕ НА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЗАПИШУВАЊЕ УДЕЛИ ВО КБ ПУБЛИКУМ - МБИ 10

Друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум инвест АД Скопје известува дека на ден 31.03.2017 година јавниот повик за запишување на удели во oтворениот инвестициски фонд КБ Публикум – МБИ 10 заврши успешно. Во периодот на јавниот повик за запишување на удели во фондот од 22.03.2017 година до 31.03.2017 година беа уплатени 60.908.500,00 МКД односно 987.269,41 ЕУР по среден курс на НБРМ на ден 31.03.2017 година, со што беше исполнет законски утврдeниот минимален износ за отпочнување со редовно работење на отворениот инвестициски фонд КБ Публикум – МБИ 10.

Од 01.04.2017 година започнува редовното пресметување на нето вредноста на имотот на фоднот и вредноста на уделот. Продажбата на удели во отворениот инвестициски фонд КБ Публикум – МБИ 10 продолжува по завршувањето на јавниот повик, и тоа по цена која се утврдува според методологијата за вреднување на имотот на фондот и вредноста на поединечниот удел пропишана од страна на Комисијата за хартии од вредност на Р. Македонија.

Друштво за управување со инвестициски фондови
КБ ПУБЛИКУМ ИНВЕСТ АД СКОПЈЕ