КБ Публикум - Новости

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЗАПИШУВАЊЕ УДЕЛИ ВО КБ ПУБЛИКУМ - АКЦИИ

Друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум инвест АД Скопје, на 12.3.2021 година го објави јавниот повик за купување на удели во отворениот инвестициски фонд:

  • КБ ПУБЛИКУМ - АКЦИИ

Јавниот повик трае два (2) месеци, додека прибирањето на уплати започнува од 12.03.2021 година. Јавниот повик може да заврши и пред истекот на горенаведениот рок во услови кога се прибрани средства во минимален износ од 300.000,00 евра во денарска противредност, по среден курс на Народна Банка на Република Северна Македонија.

ОПШТИ ПОДАТОЦИ ЗА ФОНДОТ

Проспектот е јавен повик за купување удели во отворениот инвестициски фонд КБ Публикум – Акции (во понатамошниот текст: Фонд), а истиот е одобрени со Решение од Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: КХВ) број УП1 08-3 од 04.03.2021 година. Законска рамка за работењето на Фондот е Законот за инвестициски фондови објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 12/2009 година со сите измени (во понатамошниот текст: Законот), како и подзаконските акти на КХВ.

Фондот има за цел да обезбеди широка диверзификација на вложувањата по земји, сектори и валути. Тоа значи дека најголемо учество во имотот на Фондот ќе имаат сопственичките хартии од вредност на издавачи од странство. Друштвото ќе настојува да обезбеди соодветна секторска и валутна изложеност врз основа на очекувањата за економскиот циклус, односно ќе применува активна стратегија на вложување. Друштвото може да примени стратегии и техники за заштита од ризици поврзани со инвестирање, кои вклучуваат опциски и временски договори, и примена на слични инструменти. Вложувањето во финансиски деривативни инструменти може да се користи исклучиво во насока на заштита од различните ризици, како и остварување на целите на Фондот.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Во Проспектот на фондот КБ Публикум Акции се изнесени сите клучни информации кои им се потребни на потенцијалните инвеститори за донесување одлука за вложување. Пред донесувањето на одлуката за вложување секој потенцијален инвеститор е должен да ги прочита одредбите од Проспектот и Статутот на фондот со цел да дознае за каков вид вложувања станува збор, како и за ризиците поврзани со нив. Сите информации за Друштвото и за фондот, инвестиционата политика и начинот на инвестирање на средствата, годишни, полугодишни и квартални финансиски извештаи за работењето на фондот, дневна нето-вредност на имотот на фондот и вредноста на уделот, цената на издавање и откуп на удели, прекин на откуп и исплата на удели, измени на Статутот и овој Проспект на Фондот, како и сите други релевантни информации се достапни во седиштето на Друштвото (Св. Кирил и Методиј бр. 50, Скопје) или на неговата интернет-страница (www.kbpublikum.com.mk). Исто така, сите информации кои Друштвото ги објавува во електронските и во печатените медиуми, се објавуваат и на неговата интернет-страница.

Друштво за управување со инвестициски фондови
КБ ПУБЛИКУМ ИНВЕСТ АД СКОПЈЕ