македонски   |   english
 

 

ИНВЕСТИРАЈТЕ МУДРО-ИНВЕСТИРАЈТЕ СО БАЛАНС!

 

 

Друштво кое управува со Фондот
КБ Публикум инвест АД Скопје

Седиште на Друштвото
Бул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 50, Скопје

Депозитарна банка
Комерцијална Банка АД Скопје

Овластен ревизор
КПМГ Македонија ДОО

Интернет адреса
www.kbpublikum.com.mk

E-mail адреса
info@kbpublikum.com.mk

Датум на основање на фондот
23.06.2009
Валута на која гласат уделите
МКД

 

 

 

 

 

Отворен инвестициски фонд КБ Публикум - Балансиран

Профил на инвеститорите во фондот
Сопственици на удели во Фондот можат да бидат домашни и странски институционални и индивидуални инвеститори на кои им е дозволено да вложуваат согласно законската регулатива. Единствено ограничување е минималниот износ на почетното вложување.

Инвестиционата стратегија на Фондот и изборот на финансиски инструменти сугерира вложување на среден рок со однапред дефиниран период на инвестирање, односно Фондот е наменет за инвеститори кои сакаат да ги вложат своите средства на период од 2 до 3 години.

Цели и инвестициона политика
Основна задача на Друштвото е да ги вложува прибраните средства на финансиските пазари со цел да оствари максимален можен принос за имателите на удели во Фондот, притоа почитувајќи ги постоечките ограничувања на вложувањата како и потребите за ликвидност и сигурност на пласманите.

Стратегија на избор на инструменти од кои ќе се гради портфолиото на Фондот содржи средно ниво на ризик, кое е повисоко од ризикот карактеристичен за паричните фондови или пак за фондовите кои инвестираат исклучиво во должнички хартии од вредност, а во исто време е понизок од ризикот на оние фондови кои најголем дел од средствата ги инвестираат во акции.

Друштвото ќе ги инвестира средствата на Фондот во следните инструменти:

КЛАСА А
Вложувања во акции на издавачи од Република Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Украина, Руската Федерација, Бразил, Индија и Кина;
Вложувања во акции на издавачи од земјите членки на Европската Унија, CEFTA и OECD.

КЛАСА Б
Вложувања во должнички хартии од вредност на издавачи од Република Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија, и Босна и Херцеговина;

Вложувања во должнички хартии од вредност на издавачи од земјите членки на Европската Унија, CEFTA и OECD;

Краткорочни должнички хартии од вредност на издавачи од земјите од издавачи од Република Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Европската Унија, CEFTA и OECD;

Вложувањата во должнички хартии од вредност издадени од Република Македонија, земји членки на Европската Унија, CEFTA и OECD може да надминат 35% од имотот на Фондот.

КЛАСА В
Вложувања во депозити кај овластени банки од Република Македонија;

Инструменти на пазарот на пари кои се тргуваат на организирани пазари, издадени од издавачи од Република Македонија, како и државите членки на Европската Унија, CEFTA и OECD.

КЛАСА Г
Вложувања во инвестициски фондови кои претежно инвестираат во акции на издавачи од земјите од Југоисточна Европа, Украина, Европската Унија, CEFTA, OECD, Бразил, Кина, Индија, САД и Руска Федерација под услов да не наплатуваат трошоци за управување повисоки од 2,5%;

Вложувања во инвестициски фондови кои претежно инвестираат во должнички хартии од вредност на издавачи од земјите од Југоисточна Европа, Украина, Европската Унија, CEFTA, OECD, Бразил, Кина, Индија, САД, и Руска Федерација под услов да не наплатуваат трошоци за управување повисоки од 2,5%.

Целна структура на портфолиото на Фондот

Класа
А Б В Г
КБ Публикум – Балансиран Mин. Макс. Mин. Макс. Mин. Макс. Mин. Макс.
10% 75% 0% 80% 0% 100% 0% 10%

Уплата на средства

Уплатата на средства се врши на сметката на отворениот фонд КБ Публикум – Балансиран во Комерцијална Банка АД Скопје, бр. 300000002915662

Минимален износ на почетното вложување
-1.000,00 денари

Трошоци за управување
На годишно ниво Друштвото наплатува надоместок за управување со средствата во висина од 2,5% од нето вредноста на имотот на Фондот.

Надоместок на депозитарна банка
Надоместокот за депозитарна банка зависи од висината на нето вредноста на имотот на Фондот, и тоа со примена на следниве стапки:

До 500.000.000,00 денари 0,35%

Од 500.000.001,00 – 1.000.000.000,00 денари 0,30%

Од 1.000.000.001,00 – 1.800.000.000,00 денари 0,25%

Над 1.800.000.001,00 денари 0,20%

Надоместок за издавање на документи за удел
Надоместокот за издавање на документи за удел се пресметува на вкупниот износ на уплатата, со примена на следниве стапки:

До 100.000,00 денари 3,5%

Од 100.001,00 денари до 500.000,00 денари 3,0%

Од 500.001,00 денари до 1.000.000,00 денари 2,5%

Од 1.000.001,00 денари до 3.000.000,00 денари 2,0%

Од 3.000.001,00 денари до 5.000.000,00 денари 1,0%

Над 5.000.001,00 денари 0,5%

Трошоци за откуп и исплата
Трошоци за откуп и исплата ќе се наплатува доколку се повлечат инвестираните средствата во рок пократок од три (3) години од моментот на купување на документи за удел во Фондот.

Трошокот за откуп и исплата на документи за удел се пресметува на вкупниот износ на ислатата, со примена на следниве стапки:

До 1.000.000,00 денари 1,5%

Од 1.000.001,00 денари до 5.000.000,00 денари 1,0%

Над 5.000.001,00 денари 0,5%